Во североисточниот департмент Арука, колумбиската армија соопшти дека во текот на последните акции биле убиени девет бунтовници, како дел од продолжените операции против вооружените групи активни во регионот. Ова следува само неколку дена по акцијата во југоисточна Колумбија, каде беа убиени 19 членови на илегални вооружени формации.
Претседателот Густаво Петро ја засили борбата против групите вмешани во трговијата со кокаин, со посебен акцент на две бунтовнички организации предводени од Иван Мордиско – поранешен член на Револуционерните вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кој го одби мировниот договор од 2016 година и продолжи со насилни активности.
САД неодамна воведоа санкции против претседателот Петро и неговите соработници, истовремено повлекувајќи ја Колумбија од статусот на сојузник во борбата против дрогата, оценувајќи дека актуелната Влада не презема доволно мерки за ограничување на производството на кокаин. Петро, од своја страна, нагласува дека безбедносните сили ја користат целата достапна моќ за сузбивање на вооружените групи и за заштита на граѓаните.
















