ПРВ.мк
Балкан

ПРОТЕСТИТЕ ИЗЛЕГОА ОД КОНТРОЛА: Улиците во пламен - што бара народот од Еди Рама?

ПРОТЕСТИТЕ ИЗЛЕГОА ОД КОНТРОЛА: Улиците во пламен - што бара народот од Еди Рама?

Синоќешните антивладини протести во Тирана, организирани од опозициската Демократска партија, ескалираа во насилни судири пред зградата на албанската влада.

Демонстрантите бараа оставка од премиерот Еди Рама и во текот на протестот фрлаа молотови коктели и пиротехнички средства кон државните институции. Полицијата одговори со водени топови, а според дел од извештаите бил употребен и солзавец за растерување на толпата.

Во хаосот има повредени лица и на двете страни, како и повеќе приведени учесници во протестите.

Незадоволството, според информациите, е поврзано со обвинувања за корупција и злоупотреби во владините институции, при што посебно внимание привлекуваат случаите поврзани со тендерски постапки и високи функционери. Политичките тензии во земјата продолжуваат да растат, а дијалогот меѓу власта и опозицијата засега останува блокиран.