ПРВ.мк
Балкан

Банкомати на хрватскиот брег со скриени провизии до 20% – туристите мета на „дигитална клопка“

Банкомати на хрватскиот брег со скриени провизии до 20% – туристите мета на „дигитална клопка“

Сè повеќе туристи кои летуваат во Хрватска се соочуваат со шокантно високи провизии при подигнување пари од банкомати, предупредуваат и долгогодишни жители и светски медиуми.

Британецот Пол Бредбери, кој живее во Хрватска повеќе од 20 години, вели дека туристите – навикнати на плаќање со картичка – се принудени да користат банкомати кога ќе се соочат со ресторани и објекти кои примаат само готовина.

Проблемот е што сè почесто на хрватскиот брег се поставуваат независни банкомати кои не се поврзани со банки, а наплаќаат провизии и до 20%. „Човек подига 200 евра, а му се наплатуваат 240 – целосно неетичка пракса“, вели Бредбери.

И списанието Форбс алармира: во Сплит има десетици вакви „шарени“ банкомати – црвени, сини, жолти – и токму тие се најскапи. Најсигурни се банкоматите со јасна ознака на позната банка.

Туристите се советуваат внимателно да читаат пред да потврдат трансакција и да бараат банкомати во банка или во затворени простории.

Сподели го овој напис