Владата на Србија утре ќе усвои уредба за ограничување на трговските маржи на 20 проценти, што ќе резултира со поевтини производи за граѓаните. Од понеделник, 1 септември, најмалку 3.000 производи ќе бидат достапни по намалени цени, но според најавите на министерот за финансии Синиша Мали, поголемите малопродажни синџири ќе понудат и многу повеќе производи, со очекување бројката да достигне и до 10, 12 или 20.000 производи.
Министерот истакна дека целта е да се исполни ветувањето на претседателот Вучиќ, попустите да се однесуваат на што е можно поголем број производи, особено оние кои најмногу влијаат на животниот стандард на граѓаните.
Министерката за внатрешна и надворешна трговија, Јагода Лазаревиќ, додаде дека денешните разговори со трговците биле конструктивни, и дека најавеното ограничување на маржите останува во сила, со цел да се обезбеди поевтина и достапна стока за сите граѓани.