Утре Македонија, заедно со другите европски држави, ќе го смени времето од зимско на летно сметање.
Во 2 часот наутро, стрелките на часовникот ќе се поместат еден час нанапред, па времето ќе се пресметува како 3 часот. Ова значи дека денот ќе изгледа пократок за еден час, но навечер ќе имаме повеќе светлина.
Граѓаните се советуваат да го прилагодат својот распоред и да водат сметка за промена во спиењето и дневните активности.

















