ПРВ.мк
Топ Вести

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Жичницата на Водно денес не работи - ова е причината!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Жичницата на Водно денес не работи - ова е причината!

ЈСП Скопје информира дека жичницата на Водно денеска (26 април 2026) нема да биде во функција.

Од претпријатието појаснуваат дека прекинот е поради дополнителни технички проверки што ги спроведуваат експерти од Doppelmayr.

Станува збор за редовни контроли со цел да се обезбеди безбедно и сигурно функционирање на жичницата, по чие завршување се очекува таа повторно да биде пуштена во употреба.