Рано утрово е регистриран земјотрес со јачина од 2 степени според Рихтеровата скала во близина на Штрпце, соопшти Српскиот републички сеизмолошки завод.
Потресот се случил околу 4:39 часот на длабочина од приближно 5 километри. Според сеизмолозите, ваквите слаби земјотреси се вообичаени и не предизвикуваат материјална штета ниту претставуваат опасност за населението.
Ова е втор послаб потрес во регионот во краток временски период, откако претходниот ден беше регистриран земјотрес од 2,5 степени во Војводина.










