Конфликтот на Блискиот Исток дополнително ескалира откако јеменските Хути, поддржани од Иран, објавија дека директно се вклучиле во војната и извршиле напад врз Израел.
Според нивното соопштение, за првпат од почетокот на судирите лансирале балистички ракети кон, како што наведуваат, чувствителни израелски воени цели.
Хутите велат дека нападот е одговор на случувањата во Иран, Либан, Ирак и на палестинските територии, нагласувајќи дека нивните акции ќе продолжат сè додека не запре, како што ја нарекуваат, „агресијата“ во регионот.
Во меѓувреме, израелската армија соопшти дека пресретнала проектил истрелан од Јемен кон нејзина територија, што укажува на отворање нов фронт и дополнително ширење на конфликтот.

















