Од почетокот на нападите пред три недели, американската војска погодила повеќе од 8.000 цели во Иран, изјави Бред Купер, командант на ЦЕНТКОМ. Меѓу нив, како што посочи, се и 130 ирански бродови.
Купер го опиша ова како „најголемото уништување на поморски бродови во период од три недели од Втората светска војна“. Тој истакна дека војската останува фокусирана на „систематското уништување на децениската иранска закана за слободниот проток на трговијата низ Ормуската Теснина“.
Покрај тоа, Купер откри дека САД претходно оваа недела фрлиле повеќе бомби со тежина од околу 2.270 кг врз подземен објект по должината на иранскиот брег. Според него, Техеран користел „добро заштитен и утврден подземен објект за тајно складирање на противбродски крстосувачки ракети, мобилни ракетни лансери и друга опрема што претставува огромен ризик за меѓународниот бродски сообраќај“.


















