Тешко вооружени полицајци од специјалната единица SEK од Германија ја опколиле вила вредна милиони во Ратинген, близу Дизелдорф, во вторник, на 3 февруари, околу 6 часот наутро. На имотот, каде што престојувал уапсениот Србин, пристигнал оклопен камион со рампа познат како „Марс“. Полицијата активирала две експлозии, една по друга – влезната врата излетала од шарките, а еден прозор на кат бил одвален. Потоа припадниците на SEK „влегле“ во таканаречената вила „Кинг Конг“.
Апсењето на државјанин од Србија (34), осомничен дека предводел меѓународна мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка, повторно го отвори прашањето за улогата на криминалните групи од Балканот во глобалната трговија со дрога.
Некои германски медиуми го нарекле осомничениот „Фантом“, бидејќи, според истражителите, тој со години успевал да ја води меѓународната мрежа на шверцери, останувајќи речиси непрепознатлив во јавноста.
Запленети се над 12 тона кокакин.


















