ПРВ.мк
Топ Вести

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА: САД воведоа санкции врз најголемата кинеска рафинерија - што значи ова за светот?

НОВА ЕСКАЛАЦИЈА: САД воведоа санкции врз најголемата кинеска рафинерија - што значи ова за светот?

Стејт департмент на САД соопшти дека презема „одлучни мерки“ за попречување на, како што ја нарекува, нелегалната трговија со нафта на Иран.

Во рамки на новиот пакет мерки, санкции се воведени за околу 40 бродски компании и пловила кои, според американските власти, се дел од таканаречената иранска „флота во сенка“ – мрежа која транспортира нафта и петрохемиски производи за извоз.

Канцеларија за контрола на странски средства (OFAC) при Министерството за финансии на САД исто така соопшти дека санкции се воведуваат и за кинеската рафинерија „Hengli Petrochemical“ од Далиан, која Вашингтон ја смета за еден од најголемите купувачи на иранска нафта.

Според американските власти, независни кинески рафинерии купуваат значителен дел од иранската сурова нафта, што претставува клучен извор на приходи за Техеран.

Од Вашингтон наведуваат дека овие мерки имаат цел да ги намалат приходите кои, како што тврдат, се користат за „дестабилизирачки активности на иранскиот режим во Блискиот Исток“.

САД најавуваат дека ќе продолжат со зголемен економски притисок врз Иран и мрежите кои учествуваат во неговата енергетска трговија.