ПРВ.мк
Топ Вести

Нетанјаху со алармантна порака: Иран не штеди никого - дали Европа е под закана?

Нетанјаху со алармантна порака: Иран не штеди никого - дали Европа е под закана?
Kristal

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го посети градот Арад, погоден од израелски ракетен напад, и повика светските лидери да се обврзат на заедничка израелско-американска воена стратегија против Иран.

Нетанјаху истакна дека Иран лансирал интерконтинентална балистичка ракета врз британско-американската база Диего Гарсија во Индискиот Океан за време на викендот, што според него ја покажува способноста на Техеран да достигнува подалечни цели отколку што се претпоставуваше.

„Тие испалија интерконтинентална балистичка ракета кон Диего Гарсија. Сега имаат можност да стигнат длабоко во Европа. Насочени се кон сè – поморските и енергетските меѓународни рути и се обидуваат да го уценуваат целиот свет“, рече Нетанјаху.

Премиерот ги повика лидерите на другите земји да се приклучат на Израел во борбата против Иран, нагласувајќи дека сојузничка поддршка е клучна за одржување безбедноста во регионот.

Американскиот претседател Доналд Трамп истовремено изрази загриженост поради недостиг на меѓународна поддршка за офанзивата, нагласувајќи дека сојузничката координација е неопходна.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo