ПРВ.мк
Топ Вести

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ НА ВРЕМЕТО: Температурите нагло паѓаат - што ни подготвува природата?

НЕОЧЕКУВАН ПРЕСВРТ НА ВРЕМЕТО: Температурите нагло паѓаат - што ни подготвува природата?

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд со послаб интензитет, а на одредени места ќе има услови и за појава на ретки грмежи.

На повисоките места врнежите ќе бидат мешани – од дожд и снег, додека на планините се очекува снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималните температури ќе се движат од -1 до 5 степени, додека максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени.

Во Скопје ќе преовладува слично време – променливо облачно со повремени врнежи од дожд и можност за ретки грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 3 до максимални 12 степени, со слаб до умерен северен ветер.

Во текот на викендот и почетокот на следната недела ќе продолжи променливо облачно време со повремени врнежи со слаб интензитет. Пообилни врнежи се очекуваат во текот на ноќта кон среда и во среда. Во недела и среда ќе дува умерен до засилен северен ветер, особено долж Повардарието.