ПРВ.мк
Топ Вести

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Украина бара дизел од Блискиот Исток - но што се договара зад затворени врати?

НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: Украина бара дизел од Блискиот Исток - но што се договара зад затворени врати?

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека земјата работи на обезбедување испораки на дизел од државите на Блискиот Исток, со цел да се надмине сериозниот недостиг на овој вид гориво.

Тој посочи дека дизелот сочинува дури 90 отсто од вкупниот енергетски дефицит во Украина, поради што се водат интензивни разговори со партнерите од регионот, како и со државната компанија Нафтогас.

Зеленски ова го изјави за време на неговата турнеја низ Блискиот Исток, при што беше потпишан и рамковен договор за соработка со Саудиска Арабија во областа на одбраната. Договорот треба да отвори пат за идни инвестиции, технолошка соработка и заеднички проекти.

Дополнително, Украина ја зајакнува својата улога во регионот преку испраќање на повеќе од 220 експерти кои ги советуваат блискоисточните земји како да се справат со напади од беспилотни летала, кои сериозно ја погодија енергетската инфраструктура.