Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во емисијата „Топ Тема“ на Телма истакна дека партнерството со Соединетите Американски Држави претставува стратешко партнерство од клучно значење за државата.
Тој најави дека на 7 април Република Македонија ќе одржи сесија на Стратешкиот дијалог во Вашингтон.
„Ќе бидеме прва земја во Европа која во рамки на оваа администрација ќе има сесија на стратешки дијалог во Вашингтон“, истакна Муцунски.
Министерот информираше дека делегацијата ќе ја предводи тој како шеф, а во неа ќе бидат вклучени министрите за внатрешни работи, одбрана, дигитална трансформација и енергетика.
Муцунски изрази очекување дека Стратешкиот дијалог ќе отвори сериозни дискусии во областа на одбраната и безбедноста, трговската и економската соработка и дека ќе донесе конкретни бенефити за граѓаните.










