ПРВ.мк
Топ Вести

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Александар Трајковски се збогува со дресот на Македонија - ова е неговата емотивна порака!

КРАЈ НА ЕДНА ЕРА: Александар Трајковски се збогува со дресот на Македонија - ова е неговата емотивна порака!
Kristal

Македонскиот фудбалер Александар Трајковски денеска преку емотивна објава на социјалната мрежа Facebook соопшти дека се повлекува од македонската фудбалска репрезентација.

Во својата порака, Трајковски истакнува дека од самиот почеток носењето на националниот дрес за него претставувало чест, гордост и голема одговорност, нагласувајќи дека настапот за својата земја е чувство кое не може целосно да се опише со зборови.

Тој потсетува дека секој повик во репрезентацијата го доживувал како првпат, со иста возбуда и желба да даде максимум, а секој натпревар го опишува како битка, додека постигнатите голови остануваат како моменти кои засекогаш ќе ги носи во срцето.

Во објавата, Трајковски посебно се осврнува на соиграчите, кои ги нарекува браќа, како и на навивачите, на кои им упатува благодарност за поддршката и силата што ја давале во тешките моменти.

Тој додава дека, и покрај убавите спомени, во последниот период почувствувал дека неговиот труд и залагање не биле доволно вреднувани, што исто така влијаело врз неговата одлука.

Во завршницата, Трајковски истакнува дека заминувањето не е лесна одлука, но дека ја напушта репрезентацијата со гордост, со полно срце и со чувство дека имал привилегија да го носи националниот дрес и да го живее својот сон.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo