ПРВ.мк
Топ Вести

(ВИДЕО) ВОЕНА ЕСКАЛАЦИЈА: Иран изврши страшен удар врз главниот аеродром во Израел - кружат вознемирувачки снимки!

(ВИДЕО) ВОЕНА ЕСКАЛАЦИЈА: Иран изврши страшен удар врз главниот аеродром во Израел - кружат вознемирувачки снимки!
Kristal

Иранската армија денеска соопшти дека успешно извела одмазднички напади врз Израел, користејќи напредни дронови „Араш-2“, кои, според нив, биле лансирани кон аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.

Портпаролот на иранската армија, бригадниот генерал Мохамед Акрамнија, изјавил дека нападот со дронови врз аеродромот во Тел Авив претставува одговор на, како што ја нарекол, американско-израелската агресија врз Иран, пренесува иранската телевизија „Press TV“.

Тој посочил дека поголемиот дел од беспилотните летала користени во нападот биле од типот „Араш-2“, кои се понапредни и поразорни во споредба со моделите „Киан“ и „Араш-1“. Според него, овие дронови имаат дострел до 2.000 километри и се дизајнирани за напади врз цели во Израел.

Генералот нагласил дека поради нивниот мал радарски одраз, дроновите „Араш-2“ тешко се откриваат од противничките системи.

  • Овој тип дронови овозможува прецизни напади, може да остане долго време во воздух и има пониска цена на производство во споредба со други дронови и ракетни системи што се користат за нивно пресретнување – изјавил Акрамнија.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ВИДЕОТО ТУКА

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo