Поради планирани зафати во електродистрибутивната мрежа, утре без електрична енергија ќе останат делови од Карпош и Петровец, информира ЕВН Македонија.
Во периодот од 09:00 до 10:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од дел од комплексот „Св. Јован“ во населбата Злокуќани (општина Карпош).
Од 09:00 до 12:30 часот, електрична енергија нема да има во делови од улиците бр. 1 и бр. 4 во селото Ржаничино.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги прилагодат своите обврски.










