ПРВ.мк
Топ Вести

Извршена успешна евакуација во време на криза - еве колку македонски државјани побарале помош!

Извршена успешна евакуација во време на криза - еве колку македонски државјани побарале помош!
Kristal

До дипломатско-конзуларното претставништво во Тел Авив, досега единаесет македонски државјани официјално побарале евакуација поради безбедносната состојба во Израел.

Воздушниот простор останува затворен најмалку до понеделник, а по неговото повторно отворање ќе се разгледаат можностите за организирана евакуација во согласност со околностите и безбедносните протоколи.

Државјаните се советуваат внимателно да ги следат официјалните известувања на израелските власти и да се придржуваат до безбедносните препораки, вклучително и да остануваат во засолништа кога тоа е наложено.

Во дипломатско-конзуларните претставништва во Доха и Абу Даби, заклучно со овој момент, нема ниту еден македонски државјанин кој побарал евакуација.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку амбасадите и дежурните служби, е во континуирана комуникација со македонските државјани и целосно на располагање за помош и координација.

Министерот Тимчо Муцунски, преку социјалната мрежа X, ја истакна поддршката за сојузничката координација и важноста на заеднички пристап за одржување на регионалната безбедност и стабилност.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape