Турската полиција уапси уште три лица во истрагата за смртта на германска државјанка и нејзините две деца, кои починаа од труење со храна за време на одмор во Истанбул.
Меѓу приведените се управителот на хотелот и двајца работници задолжени за дезинфекција. Со овие апсења, бројот на уапсени во случајот се зголеми на седум.
Семејството — мајка, татко и две деца на 3 и 6 години — пристигнало во Истанбул на 9 ноември. На 12 ноември сите биле хоспитализирани со симптоми на труење. Двете деца починале истиот ден, мајката два дена подоцна, додека таткото останува во критична состојба.
Обвинителството соопшти дека семејството претходно јадело храна купена на улица, во продавница и во хотелот, додека уличните продавачи ги негираат своите инволвираност.
Сопственикот на хотелот, кој е меѓу уапсените, има две претходни кривични пријави, потврди полицијата.
















