ПРВ.мк
Топ Вести

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Скопје утре под посебен режим – возачите да ги избегнат овие улици!

ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ: Скопје утре под посебен режим – возачите да ги избегнат овие улици!
Kristal

Утре, дел од улиците во Центарот на Скопје ќе бидат затворени поради протест организиран од ССМ за зголемување на минималната плата. Маршот ќе започне пред седиштето на ССМ, ќе продолжи кон Собранието и Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.

Рутата на движење ги опфаќа улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, како и булеварите „ВМРО“ и „Илинден“.

Сообраќајната полиција ќе воведе временски ограничувања и ќе пренасочува возила по трасата на маршот. Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да ги почитуваат инструкциите на полициските службеници и да бидат внимателни при движењето во центарот на градот.

SWM
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo