ПРВ.мк
Топ Вести

Украина подготвена за студената сезона, еве која балканска држава ќе ја снабдува со гас

Украина подготвена за студената сезона, еве која балканска држава ќе ја снабдува со гас
Kristal

Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Украина ќе увезува природен гас од Грција за да ги покрие енергетските потреби за време на зимата.

„Денес веќе го подготвивме договорот со Грција за гас за Украина, што ќе претставува уште една рута за снабдување и ќе обезбеди увоз за зимата“, напиша Зеленски на Телеграм, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Украина обезбедила финансиски средства за увозот, кои ќе изнесуваат скоро две милијарди евра, со цел надоместување на загубите во домашното производство на гас предизвикани од руските удари.

Зеленски истакна дека средствата ќе дојдат од европски партнери и банки под гаранции на Европската комисија, како и од украинска банка, додека истовремено се соработува со американски партнери за целосно финансирање.

Најавената посета на Грција на Зеленски е дел од пошироката турнеја што ќе го одведе и во Франција и Шпанија, со цел зајакнување на енергетската сигурност и меѓународната поддршка за Украина.

Escape