ПРВ.мк
Топ Вести

КРИМ ПОД УДАР: Украински дронови го погодиле најголемото нафтено складиште - колкава е штетата што е напавена?

КРИМ ПОД УДАР: Украински дронови го погодиле најголемото нафтено складиште - колкава е штетата што е напавена?

Беспилотни летала погодиле нафтено складиште во областа Козачки Залив на Крим, по што избувнал пожар, соопшти гувернерот на Севастопољ, Михаил Развожаев.

Тој на Телеграм навел дека во Гагаринскиот регион дошло до пожар во резервоар за гориво, кој, според првичните информации, најверојатно настанал по пад на соборен дрон.

Пожарот, како што информираат локалните власти, е ставен под контрола и локализиран, а противпожарните и безбедносните служби се на терен и работат на целосно гаснење и обезбедување на локацијата.

На граѓаните им е упатен апел да избегнуваат отворени простори и да ги почитуваат безбедносните препораки, поради ризик од паѓање остатоци и можни опасности за време на активностите за одбрана од воздушни цели.

Развожаев претходно изјави дека руските сили во текот на ноќта одбиле напад со украински дронови, при што биле соборени најмалку две летала во областа на Севастопољ и Балаклава.

Според првичните информации од службите за итни случаи, нема регистрирани повредени лица, ниту штета врз цивилна инфраструктура.

Во меѓувреме, на социјалните мрежи се појавија видеа кои прикажуваат голем оган во близина на локалното пристаниште, што дополнително ја засили загриженоста за безбедносната ситуација во регионот.