ПРВ.мк
Топ Вести

Најдобрите европските острови што ги оставаат туристите без здив – листата за 2025

Најдобрите европските острови што ги оставаат туристите без здив – листата за 2025
Kristal

Речиси половина милион патници учествуваа во изборот на дестинации кои нудат совршена комбинација од природна убавина, автентичен шарм и искуства кои ги тераат посетителите повторно да се враќаат. На оваа листа се најдобрите европски острови за 2025 година, внимателно рангирани според мислењето на патниците.

Островите се идеална дестинација за одмор: доволно се мали за да се запознаат добро за време на престојот, а речиси секогаш нудат прекрасни плажи и скриени заливи кои вреди да се истражат без разлика на сезоната. Иако совршени одмори може да се најдат ширум светот, најпопуларните локации не секогаш се најдобрите, што го потврдува и изборот на читателите на престижното списание Condé Nast Traveler.

Речиси половина милион патници учествуваа во анкетата, а рангирањата беа формирани според процентот на оние кои дадоа висока оценка на одредена дестинација.

Хвар – хрватскиот бисер кој плени со убавината и историјата

Хвар се најде на европската листа, заземајќи високо четврто место, што ја потврдува неговата привлечност за туристите од целиот свет. Овој остров со години е меѓу најпосакуваните дестинации во Европа благодарение на својата уникатна комбинација од природна убавина, богата историја и шармантен медитерански амбиент.

Хвар е познат по своите сончеви денови, кристално чисто море и прекрасни заливи кои нудат идеални услови за релаксација и авантуристички активности. Стариот град плени со ренесансна архитектура, живописна културна сцена и атмосфера што го спојува традиционалното и модерниот луксуз. Токму оваа хармонија го прави островот место каде многумина се враќаат повторно, а високото место на листата само ја потврдува неговата трајна привлечност.

Најдобрите острови во светот и Европа за 2025 година

Апсолутен победник на глобално ниво се Туркс и Кајкос, кои беа оценети како речиси идеална дестинација од 98,91% од посетителите. Белиот песок, тиркизното море, сонцето и опуштената атмосфера го прават ова место вистински „рај на земјата“.

На второто место се наоѓа луксузниот Сент Бартелеми (Сент Бартс), додека третата позиција ја заземаат островите Сили во Велика Британија – помалку позната, но високо ценета дестинација за мирен и релаксирачки одмор.

Листата на најдобрите европски острови изгледа вака:

  • Наксос, Грција – 95,71
  • Ибица, Шпанија – 93,06
  • Капри, Италија – 92,86
  • Хвар, Хрватска – 92,38
  • Канарски Острови, Шпанија – 92,06
  • Мајорка, Шпанија – 91,67
  • Сицилија, Италија – 91,43
  • Крит, Грција – 91,42
  • Мадеира, Португалија – 90,99
  • Крф, Грција – 90,95
  • Родос, Грција – 90,86
  • Скијатос, Грција – 89,52
  • Корзика, Франција – 89,17
  • Миконос, Грција – 88,57
  • Кипар – 85,71
  • Сардинија, Италија – 84,76
  • Фолегандрос, Грција – 84,29
  • Санторини, Грција – 83,27
  • Малта – 82,38
  • Азорски Острови, Португалија – 78,57

Хвар и другите острови на оваа листа се доказ дека Европа нуди извонредни дестинации кои ги комбинираат природната убавина, културното наследство и автентичниот медитерански шарм.

Escape