ПРВ.мк
Македонија

Од полноќ бензин и дизел поскапи: Еве колку ќе чинат горивата!

Од полноќ бензин и дизел поскапи: Еве колку ќе чинат горивата!
Kristal

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,23% во споредба со претходната одлука од 11.11.2025 година.

Според РКЕ, референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар бележат пораст: бензините за 3,628%, дизелот за 1,766%, додека екстра лесното масло бележи минимално намалување од 0,022%, а мазутот се намали за 2,563%. Во меѓувреме, курсот на денарот во однос на доларот се понизок за 0,5545%.

Од 18.11.2025 година, од 00:01 часот, максималните цени на нафтените деривати ќе бидат:

  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95: 75,50 ден/литар
  • Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98: 77,50 ден/литар
  • Дизел ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 72,50 ден/литар
  • Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1): 69,50 ден/литар
  • Мазут М-1 НС: 35,621 ден/кг

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 1 ден/литар, дизелот за 0,50 ден/литар, додека цената на Екстра лесното масло останува непроменета, а мазутот се намалува за 0,806 ден/кг.

РКЕ потенцира дека овие се максималните цени, па трговците можат да формираат пониски цени доколку сакаат.

Escape