ПРВ.мк
Балкан

Од одмор во кошмар: Семјство загина по труење во Истанбул - шокантни детали

Од одмор во кошмар: Семјство загина по труење во Истанбул - шокантни детали
Kristal

Семејство од турско потекло, кое живеело во Хамбург, доживеа кобна судбина додека било на одмор во Истанбул. Мајката и нивните две мали деца загинаа, додека таткото е на интензивна нега, во критична состојба.

Првичните сомнежи се вртеа околу труење од расипани полнети школки, популарна улична храна во турската метропола. Но, последните информации укажуваат на употреба на нелегални инсектициди во хотелот каде што семејството било сместено. Оваа теорија ја потврдува и фактот дека неколку други гости на истиот хотел се на лекување.

Хотелот во населбата Фатих беше евакуиран и запечатен за време на викендот, а властите спроведоа детална проверка. До сега се приведени десетина осомничени, меѓу кои продавачи на улична храна, вработени во хотелот и други лица поврзани со објектот, но не е јасно дали апсењата се меѓусебно поврзани.

Семејството, татко, мајка, шестгодишен син и тригодишна ќерка, допатувало во Истанбул пред една недела. Првично било примено во болница поради повраќање и гадење, но било отпуштено. Сепак, состојбата на семејството се влошила, што резултирало со повторно пренесување во болница – каде што наскоро починале двете деца, а потоа и мајката.

Таткото сè уште се бори за живот, а трагедијата остава длабоки рани во семејството и заедницата. Семејството било редовни посетители на Турција, доаѓајќи на одмор секоја година.

Escape