ПРВ.мк
Македонија

Пиевте само една чаша вино или пиво? Еве колку време мора да чекате пред да седнете зад волан!

Пиевте само една чаша вино или пиво? Еве колку време мора да чекате пред да седнете зад волан!
Kristal

Мислите дека една чаша вино или пиво не влијае кога ќе седнете зад воланот? Експертите предупредуваат дека процесот на апсорпција на алкохолот во крвта е многу побавен отколку што многумина мислат.

Околу 10 до 15 минути по консумирањето, околу половина од алкохолот веќе е во вашето тело. По 30 минути, две третини се пренесени во крвотокот, а целосната апсорпција се случува дури по 60 до 70 минути. Во пракса, вашето тело го обработува пијалокот од час и половина па нагоре, зависијќи од телесната тежина и метаболизмот.

Д-р Бисерка Обрадовиќ објаснува дека една чаша вино или кригла пиво се разградува во црниот дроб од 90 минути до дури 24 часа, особено ако не пиете само еден пијалок. Тоа значи дека дури и по „една чаша“ алкохол, вашето тело сè уште се бори со неговите ефекти.

Колку долго алкохолот останува во вас:

  • Во урината: 12 до 24 часа
  • Во крвта: до 12 часа
  • Во здивот: често до 24 часа
  • Во телото целосно: од 6 до 72 часа

Значи, вашата способност да возите безбедно е многу пократка од она што можеби мислите. Количината на алкохол, телесната тежина и времето за консумирање играат клучна улога. Поголемите лица може да чувствуваат побавни ефекти, но тоа не значи дека можат веднаш да седнат зад воланот.

Експертите повторуваат: ниедна количина алкохол не е безбедна кога возите. Никогаш не го ризикувајте сопствениот живот или животите на другите!

Escape