Два вечерни лета на Виз Ер, кои требаше да слетат на скопскиот аеродром, беа пренасочени кон Приштина поради неповолни услови за слетување. Летовите од Берлин и Ајнховен, околу 18:20 и 18:50, добија насока да продолжат кон аеродромот во Приштина.
Според метеоролошките податоци, над скопскиот аеродром беше забележана појава која во авијацијата означува ненадејна промена на брзина или насока на ветерот на мала дистанца, хоризонтално или вертикално. Ова може да биде опасно за авиони, особено при полетување и слетување.
Од Центарот за управување со кризи информираат дека регистрирана е временска непогода и силен јужен ветер во скопскиот регион. Два авиони се пренасочени кон аеродромот во Приштина, додека други два кружат и чекаат насока за слетување.
















