Студенти објавија шокантно видео на социјалните мрежи од Нови Сад, на кое се гледа како припадник на полицијата брутално напаѓа девојка. Во снимката се гледа како полицаецот ја удира по главата, ја влече за коса и потоа насилно реагира кон оние што се обиделе да го сопрат.
На видеото се гледа како девојката се приближува кон припадникот на жандармеријата, а тој ја удира и ја држи со сила за косата. Студентите и граѓаните присутни на местото се обидуваат да го сопрат и да ја заштитат девојката, но полицаецот потоа нападна и друго лице.
Зголемувањето на бројот на полиција кај собраните граѓани започна кога тие се обидоа да го спречат одземањето на автобусот на Миломир Јаќимовиќ, кој штрајкува со глад во близина на Бановина.
















