Куба ја зголемува воената подготвеност поради стравувања од можна американска инвазија, но истовремено нагласува дека нема намера да ги влошува односите со Соединетите Американски Држави и претседателот Доналд Трамп, изјави заменик-министерот за надворешни работи Карлос Фернандез де Косио.
Тој посочи дека армијата е постојано подготвена, додавајќи дека во моментов се прават подготовки за евентуална воена агресија, иако се надеваат дека до судир нема да дојде. „Куба не сака конфликт со САД. Имаме право да се браниме, но подготвени сме и за дијалог“, изјави тој.
Во меѓувреме, Доналд Трамп неодамна изјави дека верува дека ќе „има чест да ја освои Куба“, во услови на засилен економски притисок врз островот, вклучително и блокада на снабдувањето со јаглеводороди во јануари, по соборувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро.
Покрај политичките тензии, Куба се соочува и со сериозна енергетска криза. Во неделата повторно дошло до прекин на електричната енергија – седми пат во последната година и половина. Фернандез де Косио нагласи дека властите преземаат сите можни мерки за стабилизирање на снабдувањето и изрази надеж дека американскиот бојкот нема да трае долго.


















