Хезболах соопшти дека во текот на ноќта и раните утрински часови извршил серија напади со беспилотни летала и ракетни проектили врз позиции на северот на Израел, таргетирајќи воени цели долж границата.
Во повеќе одделни соопштенија, групата наведува дека мета биле израелски војници и воени објекти во реоните Ханита, Авивим и Рас ал-Накура. Според нивните тврдења, нападите биле насочени кон собиралишта на војници и воени бази, при што била користена комбинација од дронови и ракетни проектили.
Засега овие информации не се независно потврдени, а од израелска страна нема официјални податоци за евентуални жртви или материјална штета.
Нападите доаѓаат во време на засилена напнатост, при што северната граница на Израел сè повеќе се претвора во активно жариште во рамки на поширокиот конфликт на Блискиот Исток.


















