Ќе се прогласи кризна состојба поради растот на цените на бензините, дознава Плусинфо.
Владата реагираше откако процени дека по најновите зголемувања на цените на светската нафтена берза, цената на дизелот би требало да се зголеми за дополнителни 10 денари по литар, додека безоловниот бензин би поскапел за 6 денари по литар.
Се очекува Владата да интервенира со намалување на данокот и со дополнителни мерки за спречување на поскапување на струјата.
На денешната вонредна седница ќе се донесат конкретни одлуки, по што премиерот Христијан Мицкоски ќе одржи прес-конференција.


















