ПРВ.мк
Топ Вести

Три месеци за одлука, Америка го притиска Белград - дали ова ќе биде крај на соработката?

Три месеци за одлука, Америка го притиска Белград - дали ова ќе биде крај на соработката?
Kristal

САД ѝ поставиле на Србија рок од три месеци да најде купец за нафтената компанија NIS, која е во руска сопственост и под американски санкции, предупредувајќи дека без продажба испораката на нафта пред зимата може да биде загрозена, изјави министерката за енергетика, Дубравка Ѓедовиќ-Хандановиќ.

Рускиот Газпром Нефт и Газпром, кои заедно поседуваат 56% од NIS, побарале од OFAC (канцеларијата за контрола на странска имовина при Министерството за финансии на САД) дозвола да ја предадат контролата на трета страна. Санкциите за NIS стапија на сила на 8 октомври. Поради нив, компанијата и рафинеријата се соочуваат со ограничена работа – банките го стопирале обработувањето на плаќањата, а хрватскиот нафтовод JANAF ја прекинал испораката на сурова нафта. Рафинеријата може да функционира само до 25 ноември без нови испораки.

САД инсистираат рускиот сопственик целосно да се повлече, додека српската влада може да се обиде да ја преземе NIS, но тоа е спорно, бидејќи претседателот Александар Вучиќ е против директно преземање.

Сопственичката структура на NIS е следна: Газпром Нефт – 44,9%, Газпром – 11,3%, српската влада – 29,9%, а остатокот е во рацете на мали акционери и вработени.

Escape