ПРВ.мк
Топ Вести

Водовод Скопје со неочекувана понуда - Платете ги долговите до овој датум без камата!

Водовод Скопје со неочекувана понуда - Платете ги долговите до овој датум без камата!

Јавното претпријатие ЈП Водовод и канализација – Скопје започна акција со која граѓаните добиваат можност да ги подмират заостанатите долгови за вода без пресметана камата.

Акцијата ќе трае до 5 јуни, а важи за сите корисници кои имаат неплатени сметки. Со оваа мерка, должниците ќе можат да го исплатат основниот долг, додека каматата ќе им биде целосно отпишана.

Од претпријатието посочуваат дека целта е да се олесни финансискиот товар врз граѓаните, но и да се подобри наплатата на побарувањата. Воедно, ова е можност за корисниците да ја „исчистат“ својата сметка без дополнителни трошоци.

Граѓаните се повикуваат навреме да ја искористат оваа поволност и да ги регулираат обврските во предвидениот рок.