ПРВ.мк
Топ Вести

УКРАИНСКИ СИЛИ ВО ЕМИРАТИТЕ: Војската чека команда – дали следува финален удар?

УКРАИНСКИ СИЛИ ВО ЕМИРАТИТЕ: Војската чека команда – дали следува финален удар?
Kristal

Министерството за одбрана на Обединети Арапски Емирати потврди дека нивните противвоздушни системи биле активирани со цел пресретнување на ракети и дронови, поради зголемената закана во регионот.

Во истиот контекст, ирaнски напад погодил алуминумска топилница во Бахреин, при што две лица се здобиле со полесни повреди, јавуваат извори од регионот.

Конфликтот меѓу Иран, Соединетите Американски Држави и Израел продолжува веќе 30 дена. За првпат од почетокот на судирот, јеменското движење Хути изведе две воени операции против Израел, користејќи крстосувачки ракети и дронови. Според нивниот портпарол, нападите ќе продолжат во наредните денови сè додека не престанат израелските акции.

Воени и безбедносни извори известуваат и за интензивирање на ситуацијата во регионот, вклучително и проценки дека операциите на израелските сили во јужен Либан би можеле да траат подолг период, без повлекување, дури и во случај на примирје.

Дополнително, иранските медиуми тврдат дека странски воени присуства се забележани во некои земји од Заливот, додека од друга страна се наведува дека иранските напади биле насочени кон одредени цели врз основа на разузнавачки податоци.

Паралелно, Техеран и околните региони се соочуваат со последици од напади врз енергетската инфраструктура, што довело до прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Во внатрешен план, иранските власти најавија заплени на имот на лица осомничени за соработка со странски структури, во рамки на законите за шпионажа, кои предвидуваат строги санкции за најтешките случаи.

Во меѓувреме, премиерот на Шпанија, Педро Санчес, порача дека земјата останува на ставот против војна и дека е посветена на мирот, нагласувајќи дека таквата позиција претставува принципиелна политичка определба во актуелниот глобален контекст.

SWM
Mozzart
Pharmanova
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo