Сопственикот на барот во швајцарското скијалиште Кран Монтана, Жак Морети, каде во новогодишниот пожар загинаа 40 лица, е пуштен на условна слобода. Судот во Сион му ја укина притворската мерка со услови: да ги предаде документите, да не ја напушта земјата, да се јавува секојдневно во полиција и да уплати кауција од 200.000 швајцарски франци, обезбедена од негови блиски. Слични услови важат и за сопругата Џесика.
Пожарот се случи во барот „Le Constellation“ поради прскалки што ја запалиле таванската пена. Во несреќата загинаа 40 лица, вклучително и малолетници, а 116 беа повредени, од кои 80 со тешки изгореници.

















