Од понеделник, 26.01.2026 година, на девет гранични премини во земјава се најавува протест на асоцијацијата „Макам-транс“, кој ќе доведе до прекин на товарниот сообраќај. Граничните премини кои ќе бидат опфатени се: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато.

Според најавата, керовите и терминалите за товарни возила ќе бидат затворени, додека патничкиот сообраќај и автобусите ќе се одвиваат непречено. Протестот е планирано да трае до седум дена, но може да заврши и порано доколку се решат причините за организирање на демонстрацијата.
Министерството за внатрешни работи информира дека ќе обезбеди безбеден и непречен сообраќај за патниците за време на протестот.

















