Јавноста во германскиот град Бинде, северно од Билефелд, е во шок откако се откри дека вработен во локалната болница „Лукас“ е под сериозни сомневања дека вршел сексуални дејствија врз тела на починати пациенти, јавува „Билд“.
Станува збор за 39-годишен германски државјанин, кој до крајот на јуни работел како помошен работник, меѓутоа меѓу неговите задачи било и чистење и одржување на просториите на одделот за патологија, каде привремено се чуваат телата на починатите.
Според досегашните сознанија, осомничениот наводно извршил сексуални дејствија врз телата на возрасен маж и жена, еднаш во средината на јуни, а вторпат кон крајот на декември 2025 година.
Состојбата во која биле пронајдени телата и трагите затекнати на местото укажуваат на сериозно нарушување на достоинството на починатите, по што болницата веднаш поднела кривична пријава.

















