Денешниот ден носи претежно сончево време, но со мала до умерена облачност која повремено ќе го засенува сонцето. Во југоисточните делови од земјата постои можност за краткотраен локален дожд, проследен со ретки грмежи.
Ќе дува засилен, на моменти и силен ветер од северен правец, особено изразен долж Повардарието, што може да создаде чувство на пониски температури.
Утринските температури се движат меѓу 5 и 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 16 до 22 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе има засилен северен ветер, а температурите ќе се движат од утрински 11 до дневни 22 степени.
Од почетокот на новата недела следува промена – од понеделник во вечерните часови до среда се очекува нестабилно време со врнежи од дожд. Во вторник, на повеќе места ќе има пороен дожд, грмежи и засилен ветер, што укажува на можно невреме.










