ПРВ.мк
Топ Вести

АЛАРМАНТНО ИЛИ СИГУРНО: Пансионот „Ав ав хепи догс“ продолжува со работа - но еве под кои услови!

АЛАРМАНТНО ИЛИ СИГУРНО: Пансионот „Ав ав хепи догс“ продолжува со работа - но еве под кои услови!
Kristal

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спроведе вонреден инспекциски надзор во пансионот за кучиња „Ав ав хепи догс“. Инспекцијата не утврди присуство на заразна болест, но издаде препораки за механичко чистење и темелна дезинфекција на објектот.

Пансионот ќе остане затворен времено во период од 21 ден, колку што трае инкубацискиот период за сомнителната болест. Сопствениците на милениците се советуваат итно да ги преземат своите кучиња и да ги тестираат доколку постои сомнеж за заразна болест. Агенцијата истакнува дека нема законско овластување да утврдува причинител на угинувањето на кучето кое претходно било сместено во пансионот.

До сега ниту еден сопственик не пријавил болест кај своето куче по престојот во пансионот, иако јавноста беше алармирана со сведоштвата на Ана Пејковска, која пријави дека нејзиното куче Мајло починало по престојот. По нејзините објави следеа други сведоштва од сопственици и поранешна практикантка за условите и односот кон животните. Пансионот, пак, негираше присуство на парвовирус и најави правни чекори против наводите за, како што велат, лажно информирање.

АХВ апелира до сопствениците на кучиња да ги вакцинираат своите миленици, да ги тестираат при сомнеж за заразна болест и да се информираат исклучиво преку официјалните канали додека целосната постапка не заврши.

FixCredit
Escape