Денес, во различни временски интервали, делови од општините Студеничани, Карпош и Центар ќе останат без електрична енергија, соопшти ЕВН Македонија.
Според најавата, од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат дел од селото Моране и викенд-населбата во Моране, во општина Студеничани.
Од 08:30 до 17:30 часот без електрична енергија ќе останат објекти во фабричкиот круг Карпош во населбата Александрија, како и објектот Центрунион во општина Карпош.








