Затворањето на владата на САД и недостигот на официјални макроекономски податоци предизвикуваат загриженост меѓу инвеститорите и компаниите на американскиот пазар на труд.
Податоците за состојбата на вработеноста во октомври требаше да бидат објавени во петок, но статистичарите сè уште се на принуден одмор поради продолженото, рекордно затворање на владата. Аналитичарите сè уште можат само да шпекулираат за состојбата на пазарот на труд, а првите сигнали не се охрабрувачки.
Според една агенција за вработување, американските компании најавиле отпуштање на 153.000 лица во октомври, што претставува зголемување од 175% во споредба со истиот период лани и најголем број отпуштања за еден октомври од 2003 година.
Во првите девет месеци од 2023 година, вкупниот број на отпуштања достигна 1,1 милион – највисоко ниво од пандемијата во 2020 година и раст од 65% во однос на претходната година. Паралелно, вработеноста е намалена и, според некои проценки, достигнува најниско ниво од 2011 година, што дополнително ја засилува нервозата на пазарот.
















