ПРВ.мк
Црна Хроника

Полицаец погоден додека извршуваше должност - Ова се деталите

Полицаец погоден додека извршуваше должност - Ова се деталите
Kristal

На 09 ноември 2025 година, во 04:35 часот, во Скопје е пријавено дека на крстосницата од ул. „Ленинова“ и ул. „Столтенбергова“, патничко возило „Хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (38) од Скопје, удрило во полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

Полицаецот се здобил со телесни повреди, по што бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде му била укажана медицинска помош.

На местото на настанот извршен е увид од екипа на СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок против возачот.

Escape