ПРВ.мк
Топ Вести

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино - Еве ја причината

Ѓоковиќ го откажа настапот на Мастерсот во Торино - Еве ја причината
Kristal

По освојувањето на титулата на АТП 250 турнирот во Атина, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го пропушти настапот на Мастерсот во Торино поради повреда. На негово место во една од групите ќе настапи Италијанецот Лоренцо Мусети, ривалот од вчерашното финале во Атина. Турнирот во Торино започнува денеска.

– „Се радував на настапот во Торино, но по финалето во Атина морам да истакнам дека поради повреда нема да можам да играм на завршниот турнир. Жал ми е заради публиката, но се надевам дека ќе има добар тенис. На сите играчи им посакувам врвен настап“, изјави Ѓоковиќ.

Српскиот ас сега се насочува кон одмор и подготовка за првиот Грен слем турнир во календарската година – Австралија опен во Мелбурн.

Escape