Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, преку објава на Фејсбук информира дека во акцијата за чистење на градот биле ангажирани над 2.500 лица и повеќе од 100 возила.
Ѓорѓиевски истакна дека досега се изречени десетици казни на неколку правни субјекти поради несоодветно одложување на отпад. Тој апелира до граѓаните да се однесуваат одговорно кон животната средина и нагласи дека несовесното одложување отпад нема да се толерира.
– „Несовесното одложување на отпад нема да се толерира – ќе биде казнето! Досега напишани се десетици казни на неколку правни субјекти, а оваа пракса ќе продолжи за секој оној кој го загрозува нашето здравје“, напиша Ѓорѓиевски.
















