ПРВ.мк
Магазин

Револуционерна забрана – деца под 15 години повеќе нема да смеат да користат социјални мрежи!

Револуционерна забрана – деца под 15 години повеќе нема да смеат да користат социјални мрежи!
Kristal

Данска ја шокираше јавноста со најновата одлука – земјата подготвува закон со кој целосно ќе им се забрани на децата под 15-годишна возраст пристап до социјалните мрежи.

Според националниот план, кој веќе доби политичка поддршка, родителите ќе можат да дадат ограничена дозвола за деца од 13 до 14 години, но само по формална проценка и со посебна родителска согласност.

Контролата ќе се врши преку националниот дигитален идентификациски систем, а платформите што нема да ги почитуваат правилата ќе се соочат со високи казни.

Целта, според властите, е заштита на менталното здравје на децата и спречување на нивна изложеност на штетни содржини. Законот ќе ги опфати сите популарни мрежи како TikTok, Instagram, Snapchat и YouTube.

Данска стана првата европска земја што официјално воведува ваква строга забрана, а мерката веќе предизвикува бурни реакции во јавноста – некои ја поздравуваат како нужност, а други ја сметаат за премногу рестриктивна.

Escape