ПРВ.мк
Свет

Неочекувано ветување од Трамп: По 2.000 долари за секој Американец – но под кои услови?

Неочекувано ветување од Трамп: По 2.000 долари за секој Американец – но под кои услови?
Kristal

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека владата ќе исплати „дивиденда“ од најмалку 2.000 долари по лице за повеќето американски граѓани. Веста ја соопшти лично преку својата платформа Truth Social, истакнувајќи дека од оваа мерка ќе бидат исклучени само лицата со високи приходи, без да прецизира колкави се тие граници или кога точно ќе започне исплатата, пренесе ДПА.

Трамп нагласи дека американската економија е во одлична состојба и дека новите царини ќе донесат „трилиони долари“ приход, кои ќе се искористат за намалување на државниот долг и директна корист за граѓаните.

„Луѓето кои се против царините се будали! Соединетите Држави се најбогатата и најпочитуваната земја во светот, со речиси никаква инфлација и рекордни берзански индекси“, напиша Трамп.

Ова не е првпат американскиот претседател да ја спомене идејата за директна парична поддршка на граѓаните — слична иницијатива имаше и во претходниот мандат, но тогаш не беше реализирана. Новата најава, сепак, доаѓа во период кога Белата куќа се обидува да ја консолидира економијата и да го поттикне домашното трошење пред зимскиот бран на глобална неизвесност.

Escape