СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Охрид, на возраст од 55 и 30 години, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ по член 215 од Кривичниот законик, информира портпаролот Стефан Димоски.
Двајцата осомничени, неовластено набавиле марихуана и кокаин и ги препакувале во помали количини за натамошна препродажба. При претрес во домот на еден од нив, извршен по судска наредба, полициските службеници од криминалистичката полиција пронашле и одзеле опаковки со дрога, како и други предмети со остатоци од наркотични супстанции.
















