ПРВ.мк
Топ Вести

Морето се крена против луѓето, џиновски бранови донесоа смрт - Еве колку лица загинаа

Морето се крена против луѓето, џиновски бранови донесоа смрт - Еве колку лица загинаа
Kristal

Десетина лица, меѓу кои и туристи, беа однесени од џиновски бранови во морето кај шпанскиот остров Тенерифе, при што најмалку три лица го загубија животот, а 15 се повредени, соопштија регионалните власти, пренесува агенцијата ДПА.

Весникот „Диарио де Ависос“ ја опиша вчерашната ситуација како „трагичен ден“ на брегот на овој туристички рај. Една од жртвите е 79-годишна холандска државјанка, чија националност е потврдена од властите, но возраста сè уште се проверува.

Инцидентот се случил во попладневните часови во градот Пуерто де ла Крус, на северниот брег на островот, кога серија силни бранови ненадејно ја зафатиле брегалната зона и повлекле десет лица во морето.

Полицијата и случајните минувачи веднаш реагирале и успеале да ги извлечат сите на копно, но холандската туристка доживеала срцев удар. И покрај обидите на медицинските екипи за реанимација, таа починала на местото на настанот.

Останатите девет спасени, меѓу кои имало и тројца француски туристи, биле пренесени во болница со различни повреди, од кои некои се оценети како сериозни.

Втора трагедија се случила истиот ден во местото Чарко дел Виенто, околу 15 километри западно од Пуерто де ла Крус. Таму 43-годишен шпански државјанин паднал во морето додека ловел риба. Иако бил брзо извлечен со хеликоптер, лекарите можеле само да констатираат смрт.

Според извештаите на локалниот весник „Ел Дија“, најверојатната причина за неговата смрт е удар од огромен бран. Властите предупредуваат дека морските услови на Канарските Острови моментално се исклучително опасни, со големи и непредвидливи бранови кои претставуваат сериозна закана за жителите и туристите долж брегот.

Escape