Денеска, од 14:10 часот, сообраќајот на магистралниот пат А4, на делницата Струмица – Ново Село (пред влезот за Ново Село), е во целосен прекин поради сообраќајна несреќа, соопшти Автомобилската Мотоспортска Служба (АМСМ).
Детали за несреќата ќе бидат соопштени од страна на Министерството за внатрешни работи во текот на денешниот или утрешниот ден.
















